• понеделник, 04 ноември 2024

Рустеми: На „Бехтел и Енка“ им се префрлени 176 или 179 милиони евра, тие имаат целосна надлежност за подизведувачите

Рустеми: На „Бехтел и Енка“ им се префрлени 176 или 179 милиони евра, тие имаат целосна надлежност за подизведувачите

Скопје, 12 септември 2023 (МИА) - Директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми денеска рече дека на конзорциумот „Бехтел и Енка“ му се префрлени 176 или 179 милиони евра. Сите исплати, како што напомена Рустеми, се вршат врз основа на потпишаниот Договор и финансиската програма.

Рустеми потенцира и дека целосна надлежност за подизведувачите има „Бехтел и Енка“.

-Ниту Владата, ниту ЈПДП имаат каква било надлежност во изградбата и изведувањето на работите“, нагласи директорот, одговорајќи на новинарски прашања по почетокот на градежните работи на Коридорот 8 во село Горна Бањица.

Тоа го потврди и првиот вицепремиер и координатор на активностите за изградба на коридорите 8 и 10д, Артан Груби.

-Ниту Владата, ниту која било политичка партија или министер, не си дозволува, нема право, не смее и нема можност да влијае врз изборот на подизведувачи. Тоа го прави „Бехтел и Енка“. Нивна одговорност е да го изградат патот, но и кого да изберат, зашто ако не го изградат патот ќе сносат одговорност, и тие и подизведувачите, истакна Груби. мч/цр

фото: МИА архива и МИА принт скрин

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан