• понеделник, 23 декември 2024

Ковачевски: Министерството за транспорт е задолжено за процедурите за почеток на активностите за проектирање на коридорите

Ковачевски: Министерството за транспорт е задолжено за процедурите за почеток на активностите за проектирање на коридорите

Скопје, 28 април 2023 (МИА) - Владата согласно Договорот, односно согласно Законот за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10д го задолжи Министерството за транспорт и врски да ги почне сите потребни процедури за почеток на активностите за проектирање, ангажирање на сите потребни ресурси за отпочнување на работите и за правење на трансакциите на финансиските средства што се во согласност со Договорот и кои што се за отпочнување на работите, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Одговарајќи на новинарски прашања по направениот увид на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка, Ковачевски рече дека не постојат никакви пенали и дека тоа се лаги на опозицијата. 

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми тврди дека договорот е според правилата на Фидик.

- Кога компаниите почнуваат со работа, вршиме авансно плаќање за мобилизирање на компанијата што ќе врши градење, но и за сите други трошоци. Се е според договорот со „Бехтел и Енка“ и според програмата што е помината на Влада за плаќање на сите тие средства. Ние ги почитуваме договорот и програмата на Владата, бидејќи тие средства се буџетски средства и сме во тек да ги реализираме сите тие трансакции што произлегуваат од договорот, изјави денеска Рустеми. бт/ам/

Остани поврзан