• недела, 22 декември 2024

Руско МО: Над Крим и Краснодарската област соборени 36 украински дронови

Руско МО: Над Крим и Краснодарската област соборени 36 украински дронови

Москва, 5 јануари 2024 (МИА) - Системите за противвоздушна одбрана соборија 36 украински беспилотни летала над Крим и еден над територијата Краснодар, соопшти руското Министерство за одбрана, јавија руските медиуми.

-На 5 јануари беше спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напад со помош на беспилотни летала врз објекти на територијата на Руската Федерација. Дежурните единици за противвоздушна одбрана соборија и пресретнаа 36 украински беспилотни летала над територијата на Република Крим и една - над Краснодарската територија, се вели во пораката.

Украина вчера соопшти дека нејзините воздухопловни сили нападнале руска команда во близина на окупираниот град Севастопол, на повеќе од 200 километри од територијата под контрола на Киев, и погодиле воена единица во одделен напад на полуостровот Крим.

Олешчук објави и фотографија од објава на социјалните мрежи во која се вели дека нападот ја погодил руската воена база во градот Евпаторија.

Гувернерот на Севастопол, назначен од Москва, Михаил Развозаев, го опиша нападот како „најмасовен во последно време“. Едно лице е пренесено во болница откако парче шрапнел удри во куќа, објави тој на Телеграм. мс/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан