Руски гранати погодија станбена зграда во Херсон, неколку лица повредени
- Зафатена е станбена зграда, аптека и ресторан. Меѓу жртвите има и 50-годишен маж.
Херсон, 2 јули 2023 (МИА) - Руски гранати погодиле станбена област во Херсон и раниле неколку лица, објави регионалната воена администрација, јавуваат украински медиуми.
Зафатена е станбена зграда, аптека и ресторан. Меѓу жртвите има и 50-годишен маж.
Наводно, во близина на Херсон се водат жестоки борби, но официјална потврда нема. мс/
фото: МИА архива