• сабота, 23 ноември 2024

Руски воен брод навлезе во територијалните води на Данска

Руски воен брод навлезе во територијалните води на Данска
Копенхаген, 17 јуни 2022 (МИА) - Руски воен брод вчера двапати навлегол во територијалните води на Данска во близина на островот Борнхолм во Балтичко Море, соопшти Данската одбранбена команда. Корветата влегла во данските води северно од малиот остров Кристијансо, во близина на поголемиот остров Борнхолм. По радио порака од данската морнарица, бродот веднаш ја напуштил областа, објавија денеска данските власти. Министерот за надворешни работи Јепе Кофод го повика рускиот амбасадор на разговори за инцидентот. Тоа беше длабоко неодговорна и целосно непотребна провокација за време на Фолкемодет, напиша Кофод на Твитер, мислејќи на годишниот политички настан што се одржува во Борнхолм. Тој додаде дека „насилните тактики не функционираат против Данска“. ми/

Остани поврзан