• вторник, 20 јануари 2026

Руските сили за воздушна одбрана уништија 86 украински дронови над руските региони

Руските сили за воздушна одбрана уништија 86 украински дронови над руските региони

Москва, 31 декември 2025 (МИА) - Руските сили за воздушна одбрана (ПВО) уништија 86 украински дронови преку ноќ над руските региони, објави утрово руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека 56 украински дронови се соборени над Црното Море, девет над Брјанската област.

Исто така, се забележува дека осум украински дронови се соборени над Липецката област и Крим, а пет над Краснодарската област. мс/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан