• недела, 22 декември 2024

Руските сили гранатираа 17 населени места во областа Херсон, две лица загинаа

Руските сили гранатираа 17 населени места во областа Херсон, две лица загинаа

Киев, 28 март 2024 (МИА) - Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што две лица загинаа, а четворица се повредени, соопшти шефот на воената управа на Херсон, Олександр Прокудин.

„Руската армија гаѓаше станбени области на населени места, оштетувајќи две катни згради и 10 приватни куќи. Како резултат на руската агресија, две лица загинаа, а четири се повредени“, напиша Прокудин на Телеграм.

„Напади се забележани и во пристанишната инфраструктура, објектите за критична инфраструктура, трговски центар, комерцијални објекти и автомобили“, додаде тој.

Според него, непријателот ги гранатирал населбите Дудчани, Нововоронцовка, Михаиловка, Одрадокамјанка, Гавриловка, Весела, Золота Балка, Качкаровка, Антоновка, Станислав, Днепровска, Јантарне, Билозерка, Велетенска, Кизомиш и Берегово и градот Хермис.

Во текот на ноќта, силите за противвоздушна одбрана уништиле 26 од 28-те јуришни беспилотни летала што Русија ги користеше за напад на Украина, објави Военото воздухопловство на Вооружените сили на Украина на Телеграм.

„Ноќта на 28 март, непријателот изврши ракетно-воздушен напад врз Украина користејќи три крстосувачки ракети Х-22 и една противрадарска ракета Х-31П (од правец на Црното Море), противвоздушна водена ракети С-300 (од правец на Доњецк) и 28 јуришни беспилотни летала од типот „Шахед-136/131“ (од регионот Курск и Крим)“, се наведува во соопштението и се додава дека 26 напади на беспилотни летала д типот „Шахед-136/131“ беа уништени во областите Одеса, Харков, Днепропетровск и Запорожје.

Како што пренесуваат украинските медиуми, во текот на ноќта руските сили го нападнале Запорожје со „шахед“ дронови, а во нападот се повредени две жени. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан