• понеделник, 23 декември 2024

Рускиот фудбалски сојуз бара суспензија на селекторот на Украина

Рускиот фудбалски сојуз бара суспензија на селекторот на Украина
Москва, 19 септември 2022 (МИА) – Рускиот фудбалски сојуз (РФС) поднесе барање до Европската фудбалска федерација (УЕФА) и до Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) да биде суспендиран селекторот на Украина, Олександар Петраков. - Рускиот фудбалски сојуз го обвинува Александар Петраков за дискриминација на Русите и одбивање да одржи неутрална политичка позиција, пишува „Гардијан“. Писмо до комисијата на УЕФА за контрола, етика и дисциплина напиша заменик генералниот секретар на РФУ Денис Рогачев. Како доказ тој ги наведе цитатите на Петраков во италијанскиот „Кориере дело спорт“ и рускиот „Спорт експрес“. - РФС навистина се обрати кон ФИФА и УЕФА, во врска со изјавите на селекторот на украинската репрезентација, кои се јасно дискриминаторски во однос на Русија и граѓаните на нашата земја. Сметаме дека таквите изрази се недозволиви, што беше ставено на внимание на ФИФА и УЕФА. Писмото беше испратено во јуни, сега чекаме одлука, соопштија од РФС. Претходно Петраков повика на исклучување на Русите од сите меѓународни спортски натпреварувања. зс/

Остани поврзан