Рускиот суд нареди апсење на новинарката Овсјаникова
- Нејзиниот адвокат Дмитриј Захватов неделава изјави дека таа со ќерката побегнала од Русија
Москва, 21 октомври 2022 (МИА) - Руски суд нареди апсење на поранешната новинарка на руската државна телевизија Марина Овсјаникова, јавија дел од руските медиуми.
Овсјаникова е позната во јавноста по тоа што во март, откако започна војната во Украина, „влета“ во програма во живо на телевизија со натпис „Не за војна“.
Кон средината на јули во близина на Кремљ, таа одржа протест, каде носеше транспарент „Путин е убиец. Неговите војници се фашисти“. По потегот, Овсјеникова беше во куќен притвор.
Таа е обвинета за ширење лажни информации за руските вооружени сили и може да биде осудена на затворска казна од 10 години.
Нејзиниот адвокат Дмитриј Захватов неделава изјави дека таа со ќерката побегнала од Русија. бд/