• недела, 22 декември 2024

Рускиот судија Сергеј Карасев ќе биде „човекот во средина“ на Суперкупот на УЕФА во среда

Рускиот судија Сергеј Карасев ќе биде „човекот во средина“ на Суперкупот на УЕФА во среда
Нион, 9 август 2021 (МИА) - Сергеј Карасев од Русија ќе ја дели правдата на натпреварот за Суперкупот на УЕФА помеѓу Челзи и Виљареал, што се игра на 11 август во Белфаст на стадионот „Виндзор парк“, објави Судискиот комитет на УЕФА. Карасев, кој има 42 години, е меѓународен судија од 2009 година и редовно суди на натпревари во Лигата на шампионите, УЕФА Лига Европа и националните натпреварувања. Ова лето тој беше на чело на три натпревари на УЕФА ЕВРО 2020, вклучувајќи го и осминафиналето меѓу Холандија и Чешка, а беше и четврт судија на три натпревари од турнирот. На натпреварот од Суперкупот, на Карасев ќе му помагаат сонародниците Игор Демешко и Максим Гаврилин, додека, Алексеј Кулбаков од Белорусија ќе биде четврти судија. Улогата за видео - помошник судија - ВАР е доделена на Марко Фриц од Германија, а тој ќе биде придружуван од Павел Гил од Полска и Масимилијано Ирати од Италија. Судискиот состав го комплетира резервниот помошник судија Филипо Мели од Италија. ар/лв/

Остани поврзан