• понеделник, 25 ноември 2024

Рускиот војник побара прошка од вдовицата на убиениот украински цивил

Рускиот војник побара прошка од вдовицата на убиениот украински цивил
Киев, 19 мај 2022 (МИА) - Првиот руски војник, на кого му се суди за воено злосторство во Украина, од почетокот на руската инвазија, денеска побара прошка од вдовицата на убиениот украински цивил, јави Би-би-си. - Но, разбирам дека нема да можете да ми простите, додаде 21-годишниот Вадим Шишимарин, кој може да добие казна доживотен затвор. Тој вчера се изјасни како „целосно“ виновен за убиството на невооружен, 62-годишен човек. Судењето во Киев вчера беше прекинато бидејќи во судницата не можеа да се сместат 150 новинари, кои се појавија за да го следат случајот, јави Си-Ен-Ен. Тројца судии денеска ќе го слушнат сведочењето на Шишимарин, како и тоа на сопругата на жртвата. Двајца сведоци ќе бидат повикани од страна на Обвинителството, вклучувајќи и уште еден руски војник, кој бил во истото возило со обвинетиот, кога тој пукал. Кремљ во текот на вчерашниот ден соопшти дека нема информации за случајот. бд/ссм/

Остани поврзан