• петок, 20 декември 2024

Руската министерка за култура позитивна на коронавирус

Руската министерка за култура позитивна на коронавирус
Москва, 6 мај 2020 (МИА) - Руската министерка за култура Олга Љубимова е позитивна на тестот на новиот коронавирус. Таа има слаби симптоми и продолжува да работи онлајн, одржувајќи состаноци преку интернет, изјави нејзината секретарка. Во Русија во последните 24 часа бројот на заразени случаи со Ковид-19 е зголемен за над 10.000 лица, четврти ден по ред, и сега вкупниот број на заболени изнесува 165.929. гт/

Остани поврзан