• понеделник, 01 јули 2024

Руската армија зазеде уште две села во Украина

Руската армија зазеде уште две села во Украина

Москва, 1 јули 2024 (МИА) – Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека армијата зазела уште две села во источна Украина, откако викендот зазеде три села.

Како што руското МО објави на Телеграм, заземени се селото Новопокровска во сточната област Доњецк и селото Сепова Новеселивка во североисточната област Харков.

Русија постепено зазема територија по неуспешната голема украинска контраофанзива од минатото лето и падот на Авдијевка во февруари годинава.

Украинската армија се соочува со недостиг на регрути, оружје и муниција поради доцнењето на пошта од западните земји. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан