• петок, 22 ноември 2024

Русија „целосно посветена“ да не се дозволи да дојде до нуклеарна војна

Русија „целосно посветена“ да не се дозволи да дојде до нуклеарна војна
Москва, 6 октомври 2022 (МИА) - Москва останува „целосно посветена“ никогаш да не дозволи водење нуклеарна војна, додека растат стравовите од можна драматична ескалација во седмомесечниот конфликт со Украина, јавија дел од светските медиуми. Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова на денешниот брифинг изјави дека не е променет ставот на Москва, оти никогаш не смее да се води нуклеарна војна. Рускиот претседател Владимир Путин претходно истакна дека „не блефира“ кога станува збор за неговата подготвеност да употреби нуклеарно оружје, со цел да се одбрани територијалниот интегритет на Русија. бд/паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан