• петок, 22 ноември 2024

Русија тврди дека спречила напад со 28 беспилотни летала врз Крим

Русија тврди дека спречила напад со 28 беспилотни летала врз Крим

Москва, 18 јули 2023 (МИА) - Русија тврди дека во раните утрински часови спречила напад со 28 украински беспилотни летала на Крим, јави Скај Њуз.

Руската воздушна одбрана уништи 17 беспилотни летала, а уште 11 беа пресретнати од системите за електронско војување, соопшти руското Министерство за одбрана, цитирано од британската телевизија.

Се додава дека „терористичкиот напад“ не нанел никаква штета или жртви.

Инцидентот се случува еден ден по нападот на мостот Керч на Крим, што предизвика сериозни штети и го прекина патничкиот сообраќај меѓу полуостровот и јужниот дел на Русија.

Руските власти тврди дека нападот бил извршен со украински поморски беспилотни летала, а во него загинаа две лица, додека едно дете е повредено.сд/

фото: ЕПА

Остани поврзан