• недела, 22 декември 2024

Русија го затвори полскиот генерален конзулат во Санкт Петербург

Русија го затвори полскиот генерален конзулат во Санкт Петербург

Москва, 5 декември 2024 (МИА) - Русија го затвори полскиот генерален конзулат во Санкт Петербург како одговор на одлуката на Полска да го затвори рускиот конзулат во Познањ.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти и дека ќе прогласи тројца полски дипломати за персона нон грата, кои ќе мора да ја напуштат Русија.

„На полската страна ѝ беше нагласено дека Москва веќе презеде и ќе продолжи да презема остри реципрочни мерки против непријателските дејствија кон Русија,“ се наведува во изјавата од руското Министерство за надворешни работи. ссм/

Фото: архива

Остани поврзан