• четврток, 19 декември 2024

Русија го задржува правото на реципрочни мерки кон Бугарија

Русија го задржува правото на реципрочни мерки кон Бугарија
Москва, 25 јануари 2020 (МИА) - Русија го задржува правото на реципрочни мерки против Бугарија откако таа земја протера двајца руски дипломати, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи. Овој потег на Софија, во соопштението на руското МНР, се оценува за непријателски и провокативен чекор што спротивен на конструктивните односи традиционално засновани на взаемно почитување. Во соопштението се истакнува дека бугарските власти не доставиле никакви јасни докази за одлуката за протерање на руските дипломати. Официјална Софија прогласи двајца руски дипломати обвинети за непожели заради шпионажа, соопшти вчера бугарската министерката за надворешни работи Екатерина Захариева. Писмо од јавниот обвинител, со информации за граѓани кои шпионирале на бугарска територија е примено денеска во Министерството за надворешни работи, јави БГНЕС. Обвинителите соопштија дека Русите биле вклучени во шпионажа, но дека поради дипломатскиот имунитет не може да им се суди. ссм/

Остани поврзан