Русите уништиле пет украински борбени авиони СУ-27 на аеродормот Мирхород
- „Како резултат на рускиот напад, уништени се пет активни повеќенаменски борбени авиони СУ-27, а два се оштетени“, соопшти Министерството.
Москва, 2 јули 2024 (МИА) - Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека нивните ракети „Искендер –М“ уништиле пет украински борбени авиони СУ-27 и оштетило уште два на аеродромот Мирхород, во Полтавската област во Украина.
Министерството објави и видео од нападот, на кое се гледа како чад и оган се креваат од украинскиот аеродром.
„Како резултат на рускиот напад, уништени се пет активни повеќенаменски борбени авиони СУ-27, а два се оштетени“, соопшти Министерството.
Русија ги гаѓа украинските аеродроми токму во моментот кога Киев се подготвува да го прими првиот американски авион Ф-16 кој Москва вети дека ќе го уништи.сд/
Myrhorod Air Base. Not the first time that Russian recon drones have been able to quietly observe before striking with an Iskander cluster missile. It appears that at least 1 Ukrainian Su-27 has been destroyed, while several others are also believed to have been damaged. pic.twitter.com/OsZeeuCMp1
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) July 1, 2024