• недела, 15 декември 2024

Русите во текот на ноќта извеле нова серија воздушни напади врз Киев

Русите во текот на ноќта извеле нова серија воздушни напади врз Киев

Киев, 6 јуни 2023 (МИА) - Русија во текот на ноќта почна нова серија воздушни напади врз Киев, а властите во главниот град на Украина соопштија дека системите за противвоздушна одбрана собориле повеќе од 20 руски крстосувачки ракети, пренесоа британските медиуми.

-Сите беа соборени, немаше погодоци во целта, изјави шефот на воената администрација во Киев, Серхи Попко, во порака на каналот Телеграм.

Британските медиуми наведуваат дека не е можна независна потврда на извештаите.

Очевидци навеле дека слушнале неколку експлозии кои звучеле како системи за противвоздушна одбрана. Градот, инаку, беше под предупредување за воздушен напад повеќе од четири часа, почнувајќи непосредно по полноќ.

Украинската војска соопшти дека остатоците од уништените проектили паѓале на патиштата и ги оштетиле далноводите за тролејбус во киевскиот кварт Десниански.

Според првичните информации на официјални лица од Киев, во ноќешните напади нема жртви. сд/

 

Остани поврзан