Рудник САСА продолжува со поддршката за одржливост на рибниот фонд на езерото Калиманци
- Калиманско Езеро порибено со околу 2000 килограми крап. Порибувањето е дел од тековната финансиска поддршка што ја обезбедува Рудник САСА за Здружението на риболовци – Спортски клуб „Шаран“ кое набави дополнителна количина риба за порибување на езерото Калиманци.

Македонска Каменица, 13 декември 2023 (МИА) – Калиманско Езеро порибено со околу 2000 килограми крап. Порибувањето е дел од тековната финансиска поддршка што ја обезбедува Рудник САСА за Здружението на риболовци – Спортски клуб „Шаран“ кое набави дополнителна количина риба за порибување на езерото Калиманци.
- Оваа активност е дел од повеќегодишната соработка помеѓу САСА и здружението „Шаран“, преку која рудникот обезбедува финансиска поддршка наменета за набавка на рибен подмладок и порибување на езерото Калиманци, се вели во информацијата од Рудник САСА.
Дополнителни финансиски средства како што додадоа оттаму се донираат и за набавка на потребната опрема за извршување на активностите на „Шаран“.
Подвлекоа дека оваа соработка со здружението на риболовци од Македонска Каменица е само еден дел од активностите кои Рудник САСА ги спроведува во континуитет, а се наменети за поддршка на локалната заедница, заштита и унапредување на животната средина и одржлив развој. вс/ир
Фото: МИА