• сабота, 14 март 2026

Рубио идната недела во Израел ќе се сретне со Нетанјаху

Рубио идната недела во Израел ќе се сретне со Нетанјаху

Вашингтон, 19 февруари 2026 (МИА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио планира да го посети Израел идната недела за да разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објави ДПА повикувајќи се на информации од американскиот Стејт департмент.

Рубио ќе отпатува во Израел на 28 февруари. Сè уште нема информации за агендата на состанокот, наведува агенцијата.

Оваа посета доаѓа во услови на тековните преговори меѓу САД и Иран за иранската нуклеарна програма, кои досега не дадоа никакви значајни резултати.

Минатата недела Нетанјаху беше примен во Белата куќа од американскиот претседател Доналд Трамп. За време на состанокот, Трамп рече дека преговорите со Иран треба да продолжат за да се разбере дали е можен договор.

Израел постојано предупредуваше дека со Иран не треба да се склучува договор што се однесува само на нуклеарната програма на Исламската Република. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан