• понеделник, 23 декември 2024

РСС и УНДП ќе презентираат иницијатива за засилување на позицијата на жените на Балканот

РСС и УНДП ќе презентираат иницијатива за засилување на позицијата на жените на Балканот
Скопје, 11 декември 2020 (МИА) - Регионалниот совет за соработка (РСС) и Развојната програма на ООН (УНДП), денеска ќе ја презентираат иницијативата „Економско зајакнување на жените: Подрачја за заедничко дејствување на Западен Балкан“, со крајна цел да се унапреди соработката на различните актери и да се потпомогне систематската промена во решавање на родовите нееднаквости. Како што се наведува во соопштението на РСС, околу 40 отсто од сите вработени на Западен Балкан се жени, но околу 23 отсто од нив немаат сигурна работа. Само 27,5 отсто сопственички на стопански субјекти се жени, а само 14,2 отсто се во раководствата на компаниите. Уделот на жените во науката, технологијата, инженерството и математиката е 14 отсто поради разни родови стереотипи и разликите во платите што ги спречува жените да се решат за образование во овие подрачја. - Главната цел на иницијативата на РСС и на УНДП е да се поттикнат реформи со кои ќе се зголеми учеството и водството на жените во стопанството што би довело до намалување на родовите разлики и поголем развој на државите на Западен Балкан до 20 отсто од БДП, наведуваат од РСС. Стартот на иницијативата ќе биде означен со виртуелен состанок на организаторите и претставници од Западен Балкан, стои во соопштението. вг/ац/

Остани поврзан