• петок, 17 мај 2024

РСС: Избрани се победниците на Балкатхон 2 – награди од 54 илјади евра, една и за тим од РСМ

РСС: Избрани се победниците на Балкатхон 2 – награди од 54 илјади евра, една и за тим од РСМ
Скопје, 28 мај 2021 (МИА) - Шест тимови и поединци беа избрани денеска како победници и наградени со вкупен фонд од 54 илјади евра на вториот Балкатхон, годишен натпревар за иновативни дигитални решенија во разни области од Западен Балкан, во организација на Регионалниот совет за соработка (РСС) со поддршка на Европската унија. Меѓу наградените е и Катерина Климовска од Северна Македонија со тимот наречен ИСЛАА, за дигитално решение во областа на поврзување на малите бизниси. За ова второ издание на Балкатхон беа пристигнати 90 пријави, при што на денешниот настан 12 тимови со најдобрите решенија направија јавна презентација, по што беа избрани шест победници во категориите „паметни градови“, „зелени градови“, „е-здравство“ и „е-бизнис“. Победниците добија четири награди од по 10 илјади евра, а два тима од по седум илјади евра. Шесте победнички тимови ќе имаат прилика да ги имплементираат своите проекти во државите од Западен Балкан и ќе ги претстават на Дигиталниот самит за Западен Балкан, кој на есен годинава ќе се одржи во Црна Гора, соопшти РСС. На победниците им честиташе генералната секретарка на РСС Мајлинда Брегу, како и претставниците од Европската унија. ир/дма/

Остани поврзан