• недела, 21 јули 2024

Ројс потврди дека Санчо ќе остане во Дортмунд

Ројс потврди дека Санчо ќе остане во Дортмунд
Дортмунд, 29 септември 2020 (МИА) - Капитенот на Борусија (Дортмунд) Марко Ројс во својата изјава потврди дека големата цел на Манчестер Јунајтед, Џејден Санчо ќе продолжи да биде играч на „жолто-црните“ и оваа сезона. „Тоа беше одлична вест за нас играчите. Сите бевме среќни што Санчо ќе остане со нас уште една година, бидејќи тој придонесува со асистенции и погодоци, со што освојува многу поени. За нас, тој е клучен играч. Дали тој ќе стане голем играч како Лионел Меси и Кристијано Роналдо? Ќе видиме. Потребно му е само време и многу искуство. Ќе има моменти кога ништо нема да оди толку добро, и ќе видиме како тој се справува со тоа. Сепак, мислам дека тој има самодоверба и квалитети за да успее, изјави Ројс пред мечот во Суперкупот на Германија против Баерн (Минхен).

Тагови

Остани поврзан