Росоман ги чисти дивите депонии
- Општина Росоман започна со чистење на дивите депонии, информираа попладнево од росоманската локална самоуправа.

Росоман, 7 февруари 2025 (МИА) - Општина Росоман започна со чистење на дивите депонии, информираа попладнево од росоманската локална самоуправа.
- Известуваме дека активно започнавме со чистење на дивите депонии на територијата на општина Росоман. Претставниците на Јавното претпријатие за комунални дејности Росоман се на терен, акцијата ќе продолжи и во наредните денови, до целосно расчистување на депониите, соопштија од Општина Росоман.
Оттаму апелираа до населението, за совесност.
-Истовремено замолуваме доколку затекнете лица коишто покренуваат диви депонии а со тоа ја загадуваат животната средина, охрабруваме да ги пријавите во просториите на Општина Росоман. Сите заедно да дадеме придонес кон одржувањето на здрава и чиста животна средина, подвлекоа од локалната самоуправа. свд/
Фото : Општина Росоман