• понеделник, 23 декември 2024

Роман Абрамович во Белорусија помага во преговорите меѓу Русија и Украина

Роман Абрамович во Белорусија помага во преговорите меѓу Русија и Украина
Минск, 28 февруари 2022 (МИА) - Руско-израелскиот милијардер Роман Абрамович престојува во Белорусија на барање на Киев, со цел да помогне во преговорите меѓу Русија и Украина за ставање крај на конфликтот. Абрамович, сопственикот на лондонскиот фудбалски клуб Челзи, бил побаран од Украинците да помогне и тој отпатувал за Белорусија за да учествува во дискусиите, објави израелскиот весник „Џерузалим пост“. Делегации на Русија и на Украина пристигнаа во белорускиот пограничен град Гомел и започнаа преговори со цел да се најде начин да се прекинат борбите во Украина. Абрамович има блиски врски со еврејските заедници во Украина и Русија. Амбасадорот на Украина во Израел, Јевхен Корничук, не сакаше да го коментира конкретно учеството на Абрамович во преговорите, нагласувајјќи само дека Киев „го цени секој што може да помогне, доколку има доволно влијание“. аа/

Остани поврзан