Романо: Наполи денес ќе го отпушти Гарсија
- Тренерот на Наполи, Руди Гарсија ќе го напушти тимот, објави новинарот Фабрицио Романо.

Неапол, 13 ноември 2023 (МИА) - Тренерот на Наполи, Руди Гарсија ќе го напушти тимот, објави новинарот Фабрицио Романо.
Според добриот познавач на италијанскиот фудбал, 59-годишниот Французин денеска ќе добие отказ.
Вчера „наполитанците“ загубија во Серија А од Емполи (0:1).
Гарсија летово го презеде Наполи, наследувајќи го на тренерската позиција Лучијано Спалети, со кој „наполитанците“ станаа шампиони на Италија.
По 12 кола во Серија А, Наполи е на 4. место во поредокот со 21 бод. зс/
Фото: Наполи