• сабота, 23 ноември 2024

Романо: Абрамович ќе остане сопственик на Челзи, тој само формално го предаде раководството на добротворна фондација

Романо: Абрамович ќе остане сопственик на Челзи, тој само формално го предаде раководството на добротворна фондација
Лондон, 27 февруари 2022 (МИА) – Според новинарот и добар познавач на случувањата во европскиот фудбал, Фабрицио Романо, Абрамович ќе остане сопственик на Челзи. Директорката Марина Грановскаја и Петр Чех ќе се справат со сите аспекти од работата на клубот, вклучително и потпишување на нови договори, трансфери и слично. - Абрамович го предаде управувањето на Челзи на добротворна фондација со цел да го заштити клубот, неговото раководство, но и играчите, објави Романо. Бизнисменот го купи Челзи во 2003 година за 140 милиони фунти. По неговото доаѓање „сините“ од Лондон освоија 21 трофеј. зс

Остани поврзан