• недела, 22 декември 2024

Рокот за пријавување на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата продолжен до 11 ноември

Рокот за пријавување на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата продолжен до 11 ноември
Скопје, 4 ноември 2021 (МИА) - Министерството за култура го продолжува рокот за поднесување пријави на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2022 година. Рокот за електронско поднесување на пријавите се продолжува до 11 ноември 2021 година, до 12 часот. Продолжувањето на рокот, како што посочи Министерството за култура, е со цел да им се обезбеди подолг временски период на апликантите што имаат потреба од тоа зашто електронското поднесување на пријавите за сите е ново искуство и целиот процес мора да биде беспрекорно изведен. - Министерството за култура од годинава првпат воведе електронска апликација за конкурирање. Пред распишувањето на Годишните конкурси беа одржани обуки за корисниците во центрите за култура низ државава и во Скопје. Од почетокот на Конкурсот, за техничка поддршка се отворени двe телефонски линии на кои корисниците ги добиваат потребните информации, а консултации се вршат и преку електронската пошта по одделни дејности, се наведува во соопштението. мс/са/

Остани поврзан