• недела, 22 декември 2024

Розов дијамант продаден за рекордни 57,7 милиони долари

Розов дијамант продаден за рекордни 57,7 милиони долари

Хонг Конг, 14 октомври 2022 (МИА) - Розов дијамант е продаден на аукција во Хонг Конг за 57,7 милиони долари, со што е поставен светски рекорд за највисока цена по карат за дијамант купен на наддавање, соопшти денеска аукциската куќа „Стоби'с“.

Скапоцениот камен од 11,15 карати што беше продаден на 7 октомври е од рудникот „Вилијамсон“ во Танзанија. Наречен е „Розовата ѕвезда на Вилијамсон“ (Williamson Pink Star) и достигна цена од речиси 5,2 милиони долари по карат. Со тоа го надмина претходниот рекорд од четири милиони долари, за синиот дијамант продаден 2015 година. Купувачот е приватен колекционер од САД, додадоа од аукциската куќа. „Розовата ѕвезда на Вилијамсон“ е именувана по два претходни, веќе легендарни розови дијаманти. Првиот е „Вилијамсон“ од 23,6 карати што ѝ бил даден на британската кралица Елизабета Втора, како свадбен подарок во 1947 година, а вториот е 59,6-каратната „Розова ѕвезда“ што била продадена 2017 година, исто така - на аукција за рекордна цена од 71,2 милиони долари.  си/sd/

Остани поврзан