• недела, 06 октомври 2024

Розберг: Верстапен ја имаше една од најдобрите сезони на сите времиња и се доближува до најдобрите пет возачи во историјата

Розберг: Верстапен ја имаше една од најдобрите сезони на сите времиња и се доближува до најдобрите пет возачи во историјата

Лондон, 14 декември 2023 (МИА) – Шампионот во Формула 1 од 2016 година, Нико Розберг, е импресиониран од начинот на кој Макс Верстапен ја одработи сезоната 2023.

- Тоа не беше тимска доминација, туку доминација на возачот. Погледнете го Серхио Перез - заврши секаде. Мора да прифатиме дека настапите на Верстапен се историски, една од најдобрите сезони на сите времиња. И тој веќе се приближува до најдобрите пет возачи на сите времиња. Ова е феноменално. Навистина се надевам дека другите тимови и возачи ќе му се приближат на Верстапен. Очекувам Луис Хамилтон и Џорџ Расел да бидат негови најголеми конкуренти и секако тимот на Мекларен да напредува. Тука е потенцијалниот шампион Ландо Норис. Да не го заборавиме и Шарл Леклер, изјави Розберг.

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен годинава ја имаше една од своите најсилни сезони досега, откако собори повеќе рекорди на патот до својата трета титула. зс/

Фото: ЕПА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан