• среда, 14 јануари 2026

Родригес тврди дека Венецуела ослободила повеќе од 400 затвореници

Родригес тврди дека Венецуела ослободила повеќе од 400 затвореници

Каракас, 14 јануари 2026 (МИА) - Претседателот на парламентот на Венецуела, Хорхе Родригес, изјави дека повеќе од 400 лица се ослободени од затвор, но организациите за заштита на човековите права тврдат дека нивниот број е многу помал, односно од 60 до 70.

Затворската управа на Венецуела пред два дена соопшти дека од затвор се ослободени 116 лица.

Венецуелската невладина организација „Форо Пенал“, која дава правна помош на притворените лица, соопшти дека од почетокот на годината приведени се најмалку 800 политички затвореници.

Владата на Венецуела тврди дека приведените не се политички затвореници, туку лица обвинети за легитимни кривични дела. ми/ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан