• понеделник, 23 декември 2024

Роднини на киднапираните Израелци во текот на протест се обиделе да ја минат границата со Газа

Роднини на киднапираните Израелци во текот на протест се обиделе да ја минат границата со Газа

Газа, 29 август 2024 (МИА)  - Членовите на семејствата на израелските заложници држени од милитантите на Хамас се собраа на границата со Газа за да ги повикаат своите роднини преку звучници и во еден момент се обидоа да упаднат во палестинската енклава, пишува Тајмс оф Израел.

Некои роднини на заложниците кои организираа протест во близина на границата со Газа ја пробија безбедносната ограда и се обидоа да влезат подлабоко во палестинската енклава кај своите најблиски, соопшти Форумот на семејствата на заложниците и исчезнатите лица. Тие исто така објавија дека ги послушале барањата на безбедносните сили и се вратиле во Кибуц Нирим каде што бил организиран собирот.

Форумот соопшти дека и по 11 месеци неуспешни молби, израелските власти не успеале да обезбедат сеопфатен договор за заложниците кои членовите на Хамас ги држат 328 дена во тунели и скривалишта во Газа.

Преговорите меѓу Израел и палестинскиот Хамас не успеаја да доведат до договор ниту за прекин на воената кампања на Израел во палестинската енклава ниту за ослободување на преостанатите заложници киднапирани од палестинските милитанти во нападот врз Израел на 7 октомври минатата година. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан