• понеделник, 25 ноември 2024

Родилка родила мртво бебе во ЈЗУ Клиничка болница – Битола

Родилка родила мртво бебе во ЈЗУ Клиничка болница – Битола

Битола, 17 јули 2023 (МИА) - Родилка со неконтролирана бременост во Германија, два месеца по враќањето во Битола, вчера во ЈЗУ Клиничка болница – Битола роди мртво бебе.

Според директорката на битолската клиничка болница Елизабета Ивановска, станува збор за несреќен случај во семејството на мајка која и претходно имала породување со мртво бебе.

- Родилката (21 г.) беше со неконтролирана бременост во Германија, а во нашата клиничка болница се јави со вишок на плодова вода во деветтиот месец од бременоста. Бебето беше породено со „царски рез“, немалтретирано, но за жал без знаци на живот. Разговаравме и со родилката која и претходно имала породување со мртво бебе, изјави за МИА, д-р Елизабета Ивановска, директорка на ЈЗУ Клиничка болница – Битола.

Иако станува збор за несреќен случај, сепак ќе се направи дополнително испитување на причините за смртта на бебето на родилката. мт/ир

 

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан