• сабота, 18 мај 2024

РК Куманово му подари дрес на Илиевски со бројот 12

РК Куманово му подари дрес на Илиевски со бројот 12
Скопје, 8 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Оливер Илиевски вечерва присуствуваше на тренинг на Ракометниот клуб Куманово. -Владата инвестираше многу во развојот на спортот во Куманово, ние тој успех ќе го продолжиме, заедничката соработка може да носи само нови спортски победи за градот, истакна Илиевски. Тој потенцираше дека Соколана и градскиот стадион беа вратени од страна на Владата во владение на Општината и со финансии од централната власт, рече, се започнати реконструкции на овие објекти. Кандидатот на СДСМ додаде дека инвестициите во изградба на три училишни спортски сали се голем успех на Владата, а тој планира да продолжи со истото темпо. На крај од средбата РК Куманово му подари дрес со бројот 12 на кандидатот Илиевски. ки/сст/

Остани поврзан