РКЕ утре се очекува да ја соопшти цената на струјата што ќе важи од јануари
- АД ЕСМ на последнио тендер на ЕВН ХОУМ понуди цена од 62 евра за мегават часови што е за две евра повисока од досегашната цена што АД ЕСМ му ја продаваше на универзалниот снабдувач. Оваа цена има најголемо влијание врз цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари.

Скопје, 1 декември 2024 (МИА) - Регулаторната комисија за енергетика утре на прес-конференција ќе ги соопшти одлуките поврзани со цената на преносниот и дистрибутивен систем за електрична енергија (МЕПСО, Електродистрибуција, МЕМО).
АД ЕСМ на последнио тендер на ЕВН ХОУМ понуди цена од 62 евра за мегават часови што е за две евра повисока од досегашната цена што АД ЕСМ му ја продаваше на универзалниот снабдувач. Оваа цена има најголемо влијание врз цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари.
Премиерот Христијан Мицкоски неколкупати досега во изјави за медиумите рече дека не очекува големи промени во цената на струјата, а доколку дојде до такво нешто, тогаш според неги, зголемувањето би требало да биде минимално од еден до три проценти. бак/
Фото: МИА архива