• петок, 22 ноември 2024

Ричардс добива 15 милиони долари за продолжување на договорот со Шарлот

Ричардс добива 15 милиони долари за продолжување на договорот со Шарлот

Шарлот, 23 март 2023 (МИА) - Центарот на Шарлот, Ник Ричардс се согласи да го продолжи договорот со клубот. Хорнетс не ги открија условите на договорот, но агентите на кошаркарот, Џејвон Филипс и Џеред Мучи, на „Excel Basketball“, изјавија дека договорот е за три години и „тежи“ 15 милиони долари.

 

Ако Ричардс не го продолжеше договорот до 30 јуни, тој ќе станеше ограничен слободен играч претстојното лето.

 

Дваесет и петгодишниот центар оваа сезона има просек од 7,9 поени, 6,1 скока и 1,1 блокада по натпревар.

 

Шарлот е претпоследен во Источната конференција во НБА-лигата со биланс од 23 победи и 50 порази. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан