• вторник, 16 јули 2024

Ристов: Создаваме нова иднина, Радовиш ќе добие нов рекреативен, спортски забавен парк

Ристов: Создаваме нова иднина, Радовиш ќе добие нов рекреативен, спортски забавен парк
Радовиш, 5 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Општина Радовиш од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Ристов, во својот проект најавува изградба на рекреативен, спортски, културен и забавен парк. Тој на денешната прес-конференција посочи дека проблемот што со години радовишани ги мачи е тоа што нема каде да си ги остварат своите потреби од спорт, рекреација, култура, дружење.

Проектот, како што рече, ќе биде капитален, ќе подразбира урбанизација на целото подрачје од крајот на мостот до Канлиевата воденица.

-Ќе се створи една нова урбана населба во која што граѓаните ќе најдат ново место за живеење. И тоа место за живеење е со сите атрибути на современото живеење. А, тоа значи изградени улици покрај кејот на реката Радовишка река до Канлиевата воденица. Две улици со пешачки патеки, со велосипедски патеки, рече Ристов.

Според него, овој објект ќе биде од суштинско значење за подобрување на квалитетот на живот во Радовиш. -Да, тој ќе биде капитален објект за тоа што ќе подразбира пред се зафаќање на водите на Радовишката река кои што води после ќе бидат урбанизирани, ќе бидат канализирани во една река која што секој ден ќе го украсува течението на Радовишката река. После зафаќањето на водите ќе почне урбанизацијата, уредувањето на речното корито. Работите мораат да имаат логика, работите мора да бидат инженерски поставени, додаде Ристов. Тој посочи дека Радовиш ќе биде горд на својот парк, за тоа што тој ќе биде најсовремен во целиот регион на Источна Македонија.

-Се надевам дека и вие сте на истото мислење и дека ќе дадете поддршка ова да го реализираме. Немојте да мислите дека ова се луѓе кои што не знаат да го направат. Ова не е научна фантастика, ова е реалниот свет. Луѓето мора да се движат напред, да го заборават минатото во кое што се вртевме сите во место, додаде Ристов.бт/са/

Остани поврзан