• петок, 05 декември 2025

Ристов: Конче заслужува да оди напред

Ристов: Конче заслужува да оди напред

Конче, 24 октомври 2025 (МИА) - Конче заслужува да оди напред, тоа го можеме, тоа си го должиме сами на себе. Затоа, во вториот изборен круг да излеземе масовно на избори да го направиме вистинскиот избор за нашата општина, порача Златко Ристов, кандидат за градоначалник на Конче од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на маалскиот митинг што се одржа во селото Ракитец, Општина Конче, во рамки на изборната кампања од вториот изборен круг на локалните избори.

Во продолжение од обраќањето Ристов ги посочи најважните проекти од неговата изборна програма.

-Спортот и најмладите, ќе продолжиме да градиме и реконструираме стадиони, куклтурни домови, ќе продолжиме да ги поддржуваме најмладите преку стипендии за најдобрите ученици, еднократна помош за секој ученик кој го завршува основното образование и се запишува во средно, стипендии за најдобри студенти, а исто така ќе продлжиме и со стипендии за нашите спортисти и претставници на културно-уметничките друштва и секако Ракитец е опфатен во овие делови од програмата, истакна Ристов.

Тој најави реконструкција на системите за водоснабдување во повеќе населени места, доизградба на краци од фекална канализација во неколку села, а во завршна фаза е изградбата на главната улица во село Ракитец. Покрај тоа, Ристов вети набавка на возило на комуналното претпријатие кое се очекува да биде испорачано до крајот на годината, а ќе служи за одржување на полските патишта во сите населени места и зимско одржување на локалните патишта. рт/аа/

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан