Ристески: Се прават анализи за носење на новиот закон за работни односи
- Се прават сите анализи дали ќе се донесе новиот закон за работни односи, или ќе трпи одредени промени, или пак да се направи комбинација од новиот и стариот Закон за работни односи, информираше заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој денеска присуствуваше на дебата на „Текстилијада 8“ во Штип.

Штип, 5 октомври 2024 (МИА) - Се прават сите анализи дали ќе се донесе новиот закон за работни односи, или ќе трпи одредени промени, или пак да се направи комбинација од новиот и стариот Закон за работни односи, информираше заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој денеска присуствуваше на дебата на „Текстилијада 8“ во Штип.
-Нашата цел пред носењето на законот за работни односи е да направиме едно синфронизирање помеѓу, а пред се заштита на правата на работниците и работните односи и да направиме една синфронизација каде преку заштита на работничките права и развојот на бизнис секторот, реалниот сектор во Македонија ќе направиме навистина подобри права за работниците и за заштита на работници, вели Ристески.
Во текот на вчерашниот ден и Миле Бошков од Бизнис конфедерација на „Текстилијадата“ во Штип посочи дека неопходен е да се донесе новиот закон за работни односи, кој, како што рече, стои во фиока.
-Можеби ќе треба да останеме на варијанта од претходниот Закон и варијанта од преговорите, доколку немаме време да го преработиме целиот. Крши многу работнички права ама ќе гледаме да им се вратат работнички права на работниците, изјави вчера Бошков. вдј/дма/
Фото: МИА