• четврток, 19 декември 2024

Ристески: Наскоро ќе биде објавени деталите за новогодишната потрошувачка кошничка

Ристески: Наскоро ќе биде објавени деталите за новогодишната потрошувачка кошничка

Куманово, 3 декември 2024 (МИА) - Новогодишната кошничка се подготвува, ќе има значителни намалувања, со цел да се заштити стандардот на граѓаните, најави денеска заменик министерот за економија, Марјан Ристески во Куманово, одговарајќи на новинарски прашања. Тој кажа дека деталите за производите, за намалувањата ќе бидат сооопштни на прес-конференција.

- Се знае дека кошничката е при крај, ќе има повеќе стотина производи, сигурно повеќе од претходната „есенската кошничка“ и мислам дека ќе бидат задоволни граѓаните од производите мои ќе бидат понудени во таа кошничка. Ќе има значителни намалувања коишто ќе бидат позитивна мерка во однос на заштита на стандардот на граѓаните, задржување на стабилност на цените, стабилен процент на инфлацијата којашто засега е на задоволително ниво, рече заменик министерот.

Вакви мерки владата ќе спроведува и во иднина, дополни Ристески, особено околу празниците, кога е евидентирана најголема потрошувачка. Во оваа кошничка како што соопшти ќе бидат опфатени традиционални производи, храна и пијалаци за празниците, пред и после Нова година. Кошничката е направена со претходна детална поопсежна анализа во која учествувале стопанските комори, синдикатите, организација на заштита на потрошувачите.

- И да најавам дека оваа кошничка ќе биде многу поразлична од претходните во начинот на определување на производите, кажа заменик министерот.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој посочи дека во наредниот период, по кошничката во зависност од условите ќе се разгледуваат решенија за подобрување на животниот стандард на граѓаните. Мерките кои ќе се предложат ќе бидат во насока на стабилизација на цените и подобрување на животниот стандард. Влијание ќе има и општествената одговорност на фирмите, маркетите, увозниците, производителите …

-Ако ги прашате економските експерти ќе ви кажат дека не е добро да се преземаат мерки и директно да се мешаме во бизнисот, во понудата и побарувачката на пазарот. Меѓутоа кога во услови во државата имаме стабилна и ниска инфалција во услови кога претходно имаме намалување на енергенсите, намалување на транспортните трошоци и дел од суровините, бевме сведоци дека во претходните период и години имавме драстично зголемување на цените на производите. Со тоа, бевме предизвикани да направиме вакви мерки во кои беа и овие кошнички коишто беа спроведени во претходниот период и што ќе ги има во наредниот период и како што кажав на почетокот дел од нашата иницијатива за продуцирање вакви мерки е пред сè подобрување на животниот стандард, стабилизација на цените на производите и стабилизација на инфлацијата. Ќе видиме како ќе се движат цените во наредниот период, да видиме колку ќе покажат општествена одговорност, самите фирми, производители, добавувачи, увозници, маркети, од сето тоа ќе зависат и идните мерки или носење идни законски решенија, предложени од министерството за економија, донесени од владата, рече Ристески.

Претходно, беше донесена есенска потрошувачка кошничка која траеше до 31 октомври. Со неа беа опфатени околу 70 производи на кои им беа ограничени профитните маржи.

Тој говореше и за зголемување на минималната плата и притоа истакна дека Министерството прави опсежни анализи во соработка со синдкатите и работодавците. На наредната средба со синдикатите и бизнисот една од темите за диксусија ќе биде токму зголемувањето на платите.

- Правиме анализи она што значи практика, она што значи зголемување на платите, покриена со закон, нормално е да се очекува во март месец да има порамнување, зголемување на минималната плата се прават исто така поопсежни анализи, низ разговори пред сè со синдикатите, и со работодавците, односно бизнис секторот кои се социјални партнери на Владата во економско-социјалниот совет. Во петок една од темите на дискусија ќе биде токму и тоа зголемување на минималната плата, зголемување на платите што е она што е предвидено во наредниот буџет за 2025, изјави заменик-министерот одговарајќи на новинарско прашање. 

Можност за повисоки плати има, бидејќи и буџетот за идната година ќе се стабилизира, конкретните мерки ќе бидат соопштени на крајот од неделава.

- Оваа година беше многу тешка, пред сè поради потрошениот буџет, екстремно потрошен буџет од претходната Влада. Со стабилизација на буџетот со зголемување на економските параметри и продуктивноста во Македонија ќе имаме и пополн буџет, а со тоа и повисока можност и за повисоки плати, се надевам за 2025-та година. Сепак конкретните мерки ќе бидат соопштени после економско социјалниот совет кој ќе се одржи во петок, најави заменик министерот.

Одговарајќи на новинарски прашања за „бурните“ реакции на граѓаните во однос на барањата на фискалниот совет да се зголеми старосната граница за пензионирање во земјава, Ристески нагласи дека е потреба добра анализа, да се утврди одговорноста зошто е дозволено да се празни пензискиот фонд.

- Гледам дека е топ тема последниве денови, мислам дека треба да се размисли да се согледаат параметрите, знаеме дека пензискиот фонд е празен треба да се направи анализа зошто е тоа така во претходниот период и ако има одговорност да преземат одговорност тие што го довеле до таа состојба меѓутоа треба да се разглед и можностите и примерите од соседството и од европските држави и ние да го следиме чекорот во однос на пензионирањето на граѓаните во Република Македонија во однос на старосната граница. Сепак конкретна изјава не можам да дадам тоа ќе биде после правењето на сеопфатни анализи, знаете дека и секторот труд од пред неколку дена е префрлен кај нас така ги имаме кадрите и ќе ги земеме анализите и од претходно од сегашната состојба и од предвидувањата за иднина па да донесеме некоја соодветна мерка која ќе биде во интерес и на државата и на граѓаните во однос на пензионирањето, рече Ристески. ам/сст/


Фото: МИА

 

 

 

 

Остани поврзан