• петок, 05 декември 2025

Рибочуварка на Тиквешко Езеро пријавила физички напад од сопружници 

Рибочуварка на Тиквешко Езеро пријавила физички напад од сопружници 

Кавадарци, 15 ноември 2025 (МИА) - Рибочуварка на Тиквешко Езеро пријавила физички напад од сопружници, соопштија претпладнево од Секторот за внатрешни работи Велес. 

- Вчера  во 13:43 часот во ОВР Кавадарци, М.П.(46) од овој град пријавила дека во 11:30 часот во населба Брушани на Тиквешко Езеро, кавадаречко, додека извршувала службени задачи како рибочувар, била физички нападната од Г.С. и неговата сопруга, кои употребиле и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, појаснија од СВР Велес. свд/дма/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан