Рибера: Откажувањето на Трамп од климата ќе ги охрабри ривалите да прифатат зелени технологии
- Климатската политика на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ќе и наштети на животната средина и ќе ги зајакне напорите на американските ривали да ги прифатат модерните зелени технологии, изјави извршната потпретседателка на Европската комисија, Тереза Рибера.
Брисел, 16 декември 2024 (МИА) – Климатската политика на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ќе и наштети на животната средина и ќе ги зајакне напорите на американските ривали да ги прифатат модерните зелени технологии, изјави извршната потпретседателка на Европската комисија, Тереза Рибера.
- Не е добра вест што голем играч како што се САД одлучи да тргне во друга насока … Тоа не е добра вест за никого. Но … секогаш кога некој голем играч ќе одлучи да ја напушти просторијата, ќе влезат други играчи изјави Рибера во интервју за Политико.
Тереза Рибера и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, веруваат дека транзицијата кон еколошки „чиста“ економија е најдобрата шанса за Европа да избегне постојан пад на нејзината индустрија. јт/
Фото: ЕПА