• недела, 24 ноември 2024

Реџепи ја оспорува Методологијата за пописот пред Уставен суд

Реџепи ја оспорува Методологијата за пописот пред Уставен суд

Скопје, 29 октомври 2024 (МИА) - Пратеникот Скендер Реџепи и претседател на Движење Попули  денеска до Уставниот суд поднесе Иницијатива за оспорување на Методологијата за спроведување на пописот во РСМ -  2021 година, во делот на поделбата на резидентно и нерезидентно население, бидејќи сега вработувањата и распределбата на парите во општините се вршат врз тие бројки од пописот. 

Во изјава за медиумите тој кажа дека смета оти се повредени членовите 8,9 и 51 од Уставот и членовите 6,7 и 17 од Законот за попис. 

-Во членот 8 од Уставот на РСМ јасно стои дека владеењето на правото согласно сите донесени акти е уставно право и таа треба да биде поставена хиерархиски - државната власт да биде пшоделена на извршна, судска и на законодавна така како што е веќе поставена. Членот 51 ова веќе го потврдува во Уставот и вели дека секој закон треба да биде донесен согласно Уставот и сите други акти треба да бидат донесени согласно законите и Уставот на РСМ, што е спорно и што не е исто во случајот што ние сме го претставиле пред Уставниот суд, рече Реџепи.

Членот 9 од Уставот на РСМ вели дека сите граѓани на РСМ се еднакви пред правото и законите, односно дека треба еднакво да ги користат сите права без поделба. 

-Законот за попис јасно укажува во член 6, дека под попис ќе бидат подредени сите граѓани на РСМ без оглед на тоа дали за време на пописот биле во или надвор од државата - јасна категорија. Третото, во член 16 од истиот закон вели дека се задолжува директорот од Заводот за статистика за да ја реализира методологијата за реализирање и спроведување на пописот. Што настана грешката? При создавање на Методологијата бившиот директор од Заводот за статистика направил сегрегација и категоризација на граѓаните, односно што е притвуставно и противзаконски односно во петта глава, член 1 и 2 ги поделил граѓаните на резидентни и нерезидентни граѓани, што го нема ниту во Уставот ниту во Законот, рече Реџепи.

Тука според него е повредено уставното и законско право и тоа треба да се поправи. 

-Злоупотребата на ваквата поделба денеска ја прави оваа моноетничка, нелегитимна и антиалбанска влада, која ги категоризира граѓаните која ги дели граѓаните како резидентни и нерезидентни, сходно на тоа и можноста за вработување на граѓаните ги оневозможил за тие што не се резиденти и поделбата на средствата по општините е направено сходно бројот на резидентни граѓани, а не онака како што е реално на пописот, вели Реџепи. 

Според Реџепи, имаме заменик премиер кој е нерезидентен граѓанин бидејќи живее во Белгија, а за него не важи ова правило а за сите други важи. 

Очекува Уставниот суд да одлучува по нивната претставка и да донесе правна, а не, како што вели, политичка одлука.

- Не сме се консултирале со коалициските пратнери од Европскиот фронт.Секој настапува автономно, но ќе ги информираме, вели пратеникот Реџепи. ев/лв/

ФОТО: Принтскрин 

Остани поврзан