• понеделник, 18 ноември 2024

Решение за Евролигата на 25 мај

Решение за Евролигата на 25 мај
Барселона, 20 мај 2020 (МИА) - Одлуката за продолжување на кошаркарската Евролига ќе биде донесена во понеделник, 25 мај, ден подоцна него што беше првично најавено, објави шпански „AC“. Како што се наведува, тој ден ќе се одржи видео-состанок на 11 клуба со постојана лиценца, а тие ќе донесат одлука - продолжување или крај на сезоната. После тоа, треба да се одржи собрание со сите 18 клуба, каде одлуката само ќе биде верификувана. Доколку се продолжи со игра, Белград е фаворит да биде домаќин на финишот од сезоната.

Тагови

Остани поврзан