• понеделник, 23 декември 2024

Рецепт со кој „принцес-крофните“ речиси секогаш успеваат

Рецепт со кој „принцес-крофните“ речиси секогаш успеваат

Сараево, 31 август 2022 (МИА) - „Принцес-крофните“ се обожавани од многумина, но при подготовката, тие не секогаш успеваат... Следува рецепт - малку поинаков од класичниот, но подеднакво вкусен, со кој што „принцес-крофните“ речиси секогаш успеваат.

Потребни состојки: 200 мл вода, пет лажици брашно, две лажици масло, три јајца, шеќер во прав за посипување и за полнење - една кесичка шлаг-крем. Начин на подготовка: Се истура вода во подлабок сад на оган, па се додава масло и се остава да зоврие. Потоа се додава брашното и се меша. Тоа треба малку да се излади, па потоа со интензивно мешање се додават јајцата - едно по едно. Тестото мора да биде поретко. Маслото се истура во мала тава, а потоа од тестото со лажица се вадат крукчиња и се ставаат во врелото масло. Откако ќе нараснат, крофните се вадат од маслото. Шлагот е изматен, па крофната се сече на половина и се полни со него со шприц и крајниот производ се посипува со шеќер во прав.  си/паг/

Остани поврзан