• среда, 27 ноември 2024

Минималната плата зголемена на 20.175 денари согласно новата методологија што беше усвоена лани

Минималната плата зголемена на 20.175 денари согласно новата методологија што беше усвоена лани

Скопје, 14 март 2023 (МИА) - Минималната плата годинава се зголемува за 2.175 денари и со исплатата во април работниците кои досега земаа минимална плата од 18.000 денари ќе земаат 20.175 денари.

Зголемувањето е резултат на усогласувањето на минималецот со трошоците на живот и растот на просечната плата согласно новата методологија што лани ја утврдија Владата, синдикатите и работодавачите.  

- Како што ветивме, од април минималната плата ќе биде повисока за 2.175 денари и ќе изнесува 20.175 денари. Тоа значи дека над 12 проценти имаме зголемување на основната, минимална плата. Согласно Законот за административни службеници, ќе се усогласат останатите плати за 27.000 службеници, изјави вчера премиерот Димитар Ковачевски по состанокот на Економско-социјалниот совет (ЕСС).

The minimum wage which was Mden 18.000 will be increased by Mden 2.175 as of next month, and will record an increase of 12.55 percent in 2023. The wages of 27.000 public servants will be adju

Со зголемувањето на минималната плата се очекува да се изврши усогласување и на останатите плати. Синдикатите апелираат работодавачите во приватниот и во јавниот сектор да извршат усогласување на останатите плати со висината на минималната плата за да не дојде до урамниловка. 

- Сакаме да ги повикаме работодавачите и во приватниот и во јавниот сектор да најдат сили и начин да ги усогласат платите и на останатите вработени за да не дојде до урамниловка каде нема да имаме силно мотивирани работници туку ќе имаме работници кои ќе се споредуваат едни со други за тоа колку плата земаат, изјави вчера Златко Цветковски од Сојузот на синдикати на Македонија.

Од Организацијата на работодавачите на Македонија велат дека поддржуваат системски решенија со кои ќе се мотивираат работниците, но, според нив, она за што треба да се разговара е да има попродуктивни работници и млади луѓе кои ќе сакаат да работат во приватниот сектор. 

- Бизнисот секако дека ќе го почитува законот и законските одредби за минималната плата. Мора да ги мотивираме луѓето да работат, меѓутоа, минималната плата не треба да  биде мотив. Таа треба да  биде плата за најниското ниво на  вработени. Нашите вработени мора да имаат многу повисоки плати, меѓутоа истите да си ги заслужат и истите да ги сработат, а ние соодветно да ги наградиме, изјави претседателката на ОРМ, Владанка Трајковска.  

По договорот за зголемување на минималната плата, се погласно се бара зголемување и на останатите плати. Дел од синдикатите излегоа со барање да се почитуваат Законот за минимална плата и кол

Минималната плата се усогласува на годишно ниво, секој март. Согласно новата методологија, минималната плата се усогласува со 50 отсто од трошоците за живот и 50 отсто со растот на просечната плата. 

- Минималната плата во 2023 година пораснува за 12,55 проценти. Ова значи дека во државата со исплатата на мартовската плата, нема да има пониска плата од 20.175 денари, изјави вчера министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска по состанокот на ЕСС.

Според вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, за првпат на Економско-социјалниот совет не се преговарало, туку само се утврдила висината на минималната плата поради тоа што лани е донесено системско решение. 

- Минатата година социјалните партнери, владата, синдикатот, работодавците, се договоривме за критериумите. Минатата година воспоставивме систем, воспоставивме критериуми и еве го исходот. Од мартовската плата нема да има работник со плата под 20.175 денари, посочи вчера Битиќи за централниот дневник на „Сител“.

Битиќи верува дека работодавачите ќе ја почитуваат одлуката за висината на минималната плата. Добро е, според него, тоа што е дојден моментот да се разговара за продуктивноста на работникот. 

-  Организацијата на работодавци, којашто е претставник на работодавците во Економско социјалниот совет, рекоа дека се задоволни од тоа што се случува. На крај на денот дури они се подготвени со зголемување на продуктивноста на работникот да исплаќаат уште повисоки плати. Мислам дека доаѓа во вистински момент затоа што  целата дискусија што се одвива во приватниот сектор, особено заради недостигот на работна сила и зголемувањето на минималната плата, но и на просечните плати, полека доаѓаме до дискусијата дека секогаш е битно продуктивноста и ефикасност на работното место, а не дали има средства за да се платат плати, рече Битиќи.

Министерот за економија Крешник Бектеши, пак, верува дека минималната плата во 2024 ќе се доближи до просечната плата од 2016 година, а платите во текот на годината ќе се зголемат повеќе од инфлацијата имајќи предвид дека годината ќе заврши со инфлација од 7,1 отсто.

-  Минималната плата годинава, поточно на почетокот на следната година, ќе се покачи на просекот што го имавме во 2016 година, а ова уште еднаш покажува дека оваа Влада е посветена на пораст на платите и во јавниот и во приватниот сектор. Само за информација, во 2016 година просечната плата беше околу 23 илјади денари, а денес е над 34 илјади денари, а како што претходно истакнавме, успеавме да се доближиме до просечната плата од 2016 година, изјави Бектеши вчера во емисијата „10 минути“ на ТВ21. бак/аа/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан