• петок, 05 декември 2025

Ретка средба во Баку меѓу претседателите на Азербејџан и Иран

Ретка средба во Баку меѓу претседателите на Азербејџан и Иран

Баку, 28 април 2025 (МИА) - Разговорите меѓу претседателите на Азербејџан и Иран, Илхам Алиев и Масуд Пезешкијан, започнаа денеска во Баку, за време на ретката посета на претседателот на Иран на таа земја по неколкугодишни билатерални тензии.

„Средбата во ограничен формат започна“, соопшти азербејџанското претседателство.

Состанокот се одржува два дена по големата експлозија во иранското пристаниште Шахид, во која загинаа најмалку 46 лица.

Азербејџанскиот претседател Алиев, една недела пред средбата со Пезешкијан, изјави дека е „длабоко тажен“.

Средбата се одржува и во екот на разговорите меѓу Вашингтон и Техеран за нуклеарната енергија на Иран, со посредство на Оман.

Азербејџан, поранешна советска република на Кавказ, која се наоѓа северозападно од Иран, е близок сојузник на Турција, чие влијание е значајно културно и јазично.

Иран, кој има голема азербејџанска заедница, има комплицирани односи со Баку веќе неколку години. паг/

Фото: МИА архива


  

 

 

Остани поврзан