• петок, 22 ноември 2024

Републиканците во Претставничкиот дом на САД сакаат Хантер Бајден да сведочи на отворено сослушување на 20 март

Републиканците во Претставничкиот дом на САД сакаат Хантер Бајден да сведочи на отворено сослушување на 20 март

Вашингтон, 7 март 2024 (МИА) - Комитетот на Претставничкиот дом, контролиран од републиканците, побара од синот на претседателот Џо Бајден, Хантер Бајден, да сведочи на отворено сослушување на 20 март, поради тековната постапка за импичмент против неговиот татко, се вели во соопштението на Комитетот.

Надзорниот комитет на Претставничкиот дом ја фокусираше својата истрага на работата на Хантер Бајден за компании со седиште во земји како Украина и Кина, додека неговиот татко беше потпретседател од 2009 до 2017 година. Сепак, досега комисијата не најде докази за погрешно постапување од страна на актуелниот претседател.

Комитетот исто така покани тројца поранешни деловни партнери на Хантер Бајден да сведочат на 20 март.

„Адвокатот на г-дин Бајден доцна денеска го прими писмото на републиканецот Комер и ќе одговори писмено“, се вели во синоќешната писмена изјава на правниот тим на Хантер Бајден.

Републиканецот Џејмс Комер е претседател на Комисијата за надзор на Претставничкиот дом.

Хантер Бајден, кој работел како инвеститор и адвокат, сведочеше минатиот месец за време на сослушувањето зад затворени врати како дел од истрагата за импичмент на неговиот татко. Бајден Јуниор првично рече дека ќе сведочи само јавно, но го промени својот став откако пратениците му се заканија дека ќе го сметаат за одговорен за непочитување на американскиот Конгрес.

За време на сослушувањето, кое на моменти прераснуваше во расправии, Хантер Бајден неколку пати изјави дека неговиот татко не учествувал во неговата активност и дека немал корист од тоа. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан