• понеделник, 23 декември 2024

Репрезентативецот Магдевски се врати во МЗТ Скопје Аеродром

Репрезентативецот Магдевски се врати во МЗТ Скопје Аеродром

Скопје, 25 јули 2022 (МИА) – Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Магдевски (26) повторно ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша двегодишен договор со актуелниот шампион.

Магдевски се враќа во тимот од Аеродром по едногодишниот настап во романското првенство, а претходно три сезони го носеше дресот на МЗТ Скопје, со кој освои две шампионски титули (2019 и 2021), а беше избран и за МВП на финалната серија во сезоната 2020/21.

Магдевски е деветтиот кошаркар со кој во моментов располага тренерот Александар Петровиќ, по Дамјан Стојановски, Адем Мекиќ, Бојан Крстевски, Дамјан Робев, Американците Бре Ајви, Мајк Кафи и Еван Максвел, како и српскиот интернационалец Страхиња Миќовиќ. ег/мд/

Остани поврзан